Фрида Кало низ објективот на татко ѝ

Голем дел од работите кои нè привлекуваат во уметноста на Фрида Кало се многу биографски.

Темите за физичкото оштетување и страдање, родот и полот, народноста, љубовта, комунизмот наспроти креативноста , дополнително ја зголемуваат романтичната фасцинација од животот што ја инспирира, а поретко се земат предвид чудните и хаотични околности на нејзиниот семеен живот.

Таткото на Фрида – Гилермо, фотограф по професија, е сам по себе неверојатен карактер. Тој е роден во Германија како Карл Вилхелм Кало, но ја прифаќа испанизираната верзија “Гилермо”, кога се селат во Мексико. Пред да се омажи за мајката на Фрида, тој има две ќерки од својата прва сопруга, која умира при раѓањето на третото дете.

Гилермо го прашува дедото по мајчина линија на Фрида за дозвола да се ожени за неговата ќерка уште истата ноќ во која неговата прва жена умира, и потоа ги испраќа децата од првиот брак за одгледување во манастир, наскоро по свадбата.

И покрај сето ова, Фрида е одгледана во релативно удобна семејна атмосфера и била блиска со своето семејство. Нејзиниот татко ја поддржувал за многу нешта, вклучувајќи и тоа да се облекува во машка облека за семејните фотографии.

Уште како бебе, нејзиното лице е непогрешливо препознатливо.

frieda1kdngkladnl frieda2sndgknksdendg frieda3ansfklsnak frieda4elkndgkan frieda5.snkflknsas2 frieda6ondamgkna frieda7sklfanjksan frieda8slnfklnsakf frieda9osnfknal

- Реклама -