Ја носам смртта во левиот џеб

„Повеќето луѓе не се подготвени за смртта. Таа ги шокира, ги ужаснува. По ѓаволите, воопшто не би требало да ја има.

Ја носам смртта во левиот џеб. Понекогаш и зборувам: “Здраво, бејби, како си? Кога ќе дојдеш со мене? Ќе те чекам”.

Во смртта нема ништо трагично, како што нема ништо трагично и во растот на еден цвет. Трагичното не е смртта, туку животот кој што луѓето го живеат или не го искусуваат до смртта.

Тие не го ценат својот живот, всушност, мочаат врз сопствениот живот, серат врз него. Претеруваат мислејќи само на ебење, на филмови, на пари, на нивните семејства, на ебење.

Главите им се полни со бубачки. Го прифаќаат Бог без размислување; го прифаќаат светот без да се замислат. Потоа заборават да мислат и допуштаат другите да мислат наместо нив. Главите им се полни со бубачки.

Луѓето се грди, зборуваат грдо и одат грдо. Пушти им ја најголемата музика на вековите и нема да ја слушнат. Смртта на повеќето луѓе е едeн фалсификат. Повеќе не останува ништо што заслужува да умре“

Чарлс Буковски

„Капитенот отиде на ручек и морнарите го зазедоа бродот“

- Реклама -