Првиот паметен часовник го претставиле HP уште во 1977 година

Пред паметниот часовник на компанијата Apple, пред андроид гаџетите и многу пред ангажманите на Мајкрософт во доменот на паметните часовници, американската компанија Hewlett Packard го претставила својот уред HP-01.

Сметан е за практично најголем чекор во доменот на носечки уреди во тоа време и веројатно првиот паметен часовник кој светот некогаш го видел.

паметен1

HP-01 бил претставен во далечната 1977 година во време кога кварцните часовници биле дури 10 години стари и кога „Војна на ѕвездите“ се прикажала во кино салите за прв пат. Она што е куриозитет е фактот што HP-01 не бил првиот дигитален часовник кој бил направен, ниту пак првиот рачен часовник со опција за сметаење, но тогаш бил нешто најнапредно што можело да се носи на зглобот.

Компанијата го претставила како „дигитален, електронски рачен часовник, со стоперица, аларм, тајмер, календар за следните 200 години и многу повеќе од тоа“. Поседувал црвен LCD дисплеј, со 28 механички тастери, а го напојувале три батерии – една за корисничка контрола, а другите две за дисплеј уредите.

паметен2

HP-01 за жал, не ја достигнал посакуваната популарност и покрај сите напредни опции со кои располагал во тоа време. Проектот бил напуштен брзо и трајно прекинат во 1979 година. Во моментот на појавување на пазарот, цената му била 645 долари, па со тоа бил значително поскап и од Ролекс.

- Реклама -