Еве како ве лажат диџеите

Ќе се чувствувате ли измамени, ако дознаете дека новото електронско парче што ви влегло во уши, всушност е направено од целосно непознат автор кој останал во анонимност?

Ќе простите ли музичка проституција, ако се покаже дека познатиот диџеј, под чие што име излегува парчето, всушност само платил за него?

Или нема да ве интересира, бидејќи тоа останува едно одлично парче, без разлика кому му припаѓаат авторските права?

„Електронската музика има расипани заби, кои треба да бидат отстранети“.

Така се изрази британскиот музички продуцент Мет Зо на Twitter пред неколку месеци. Неговата критика беше насочена кон некои од најголемите имиња во електронскиот музички бизнис како Тиесто и Маркус Шулц, бидејќи тие, наводно користат продуценти во сенка (ghost producers).

Авторството во сенка на денс музиката може да биде многу профитабилен бизнис и да му носи на вистинскиот автор меѓу 1000 и 20 000 долари од песна, додека негов работодавец е некој од познатите диџеи како Тиесто. Само што на грбот на овие песни самите диџеи стануваат милионери ...
Авторството во сенка на денс музиката може да биде многу профитабилен бизнис и да му носи на вистинскиот автор меѓу 1000 и 20 000 долари од песна, додека негов работодавец е некој од познатите диџеи како Тиесто. Само што на грбот на овие песни самите диџеи стануваат милионери …

Станува збор за анонимни креатори на композиции, ритми и аранжмани кои добиваат пари за да ја прават музиката на познатите диџеи зад сцената и обично не поседуваат никакви права врз крајниот производ.

Повеќето имаат под рака свои потчинети кои ги обработуваат, дооформуваат, а понекогаш и сосема сами ги создаваат музичките парчиња. Всушност цела индустрија од “продуценти духови” ја одржува кариерите на големи диџеи, кои со години се радуваат на светската слава и заработените милиони.

Секако, ваквите практики постојат не само во електронската музика. За автори во сенка се зборува со години и во рапот. Во поп музиката исто така често се случува снимањето на песната да се чува во тајност, а  понекогаш се промовираат музичките парчиња користејчи големи имиња на режисери и музички продуценти, кога всушност работата ја имаат направено нивните потчинети. Ваквиот рецепт се покажал како добар маркетинг.

Ерупцијата на електронската денс музика сепак направи сомнителните практики особено распространети токму во овој жанр, а во последните години се множат гласините и откритијата за „авторите во сенка“.

Дејвид Гета е меѓу најчесто обвинуваните дека искористува таленти за да профитира.
Дејвид Гета е меѓу најчесто обвинуваните дека искористува таленти за да профитира.

Во различни изданија веќе се појавија голем број на приказни на музички продуценти во сенка кои, без да ги откријат нивните имиња, раскажуваат како се работи за најголемите фигури во бизнисот – фигури, кои се на врвовите во рангирањето на топ диџеи на списанието Dj Mag.

Дејвид Гета, на пример е еден од оние за кои редовно се зборува дека користи диџеи во сенка. Слични обвинувања има и кон белгиските браќа Димитри Вегас и Лајк Мајк – тоа е и една од причините за масовното незадоволство што изби откако двајцата беа прогласени за диџеи број 1 во светот во моментов.

Всушност, уште пред неколку години лондонскиот диџеј бен Гомори сигнализираше во статија за Mixmag дека авторството во сенка е масовно распространето во денс музиката.

“Жално е”, рече тој.

“Ова е врвот на материјалистичка, шарлатантска и ниска страст на некои да бидат диџеи суперѕвезди – целосно од љубов кон статусот, а не од љубов кон музиката”.

Подоцна електронското дуо PeaceTreaty призна: “Кога навлагаш повеќе навнатре и почнуваш да работиш со повеќе и повеќе значајни луѓе, едноставно мораш да имаш автори во сенка. Секој од големите не ја пишува сопствената музика “.

“Во почетокот на векот сеуште беше можно да си диџеј и да создадеш име само ако миксираш плоча”, објаснува Гомори. “Но сега веќе треба да создаваш и сопствена музика, за да успееш”.

Се тврди дека големите имиња едноставно не би го издржале темпото на современиот музички бизнис, ако не прибегнат кон дополнителна помош – тие едноставно се во постојан режим на фестивалски учества, развивање на својот бренд и формирање на различни партнерства, а од нив се очекува и редовно да издаваат нови работи. Повеќето немаат време или желба да се усовршуваат во студиото и да се во чекор со менувањето на трендовите.

Димитри Вегас и Лајк Мајк исто уживаат слава на измамници
Димитри Вегас и Лајк Мајк исто уживаат слава на измамници

Авторите во сенка доаѓаат на помош токму за да одржуваат диво темпо во индустријата. Тие постојано напојуваат со нов материјал, кој излегува од името на познатите и го држи интересот на фановите.

Дури и да е корисно за бизнисот, сепак, феноменот ghost producing е лошо чувана тајна, која поставува многу прашања за веродостојноста на денс музиката.

Излегува дека иако никогаш да не било полесно да се создава музика со професионален квалитет, повеќе и повеќе изведувачи се наоѓаат далеку од креативниот процес. Ако се верува на приказните на авторите во сенка, нивните шефови личат повеќе на извршни директори на рекламни компании, отколку на уметници.

Можеби најболното прашање кое се поставува покрај ghost producing, е колку публиката воопшто се интересира за вистинските автори на песните.

Рејверите од една друга генерација може и да страдаат по загубениот идентитет и комерцијализација на електронската музика, но токму во овој жанр трансформирањето на уметноста во бизнис одамна се случило.

- Реклама -