Македонскиот кандидат за Оскар ќе биде дел од неколку меѓународни фестивали

Филмот „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков кој е македонскиот кандидат за оскар на Американската академија за филмови од неанглиско говорно подрачје, истовремено е на повеќе меѓународни филмски фестивали.

medena-nokj

По премиерата на Скопскиот филмски фестивал и презентацијата на филмските маркети во Берлин и Кан, „Медена ноќ“ деновиве се прикажува на три меѓународни филмски фестивали – во Германија, Холандија и Грција.

Исто така, на почетокот на ноември, преку „European film promotion“ се претстави на американскиот филмски маркет во Лос Анџелес како македонски кандидат за оскар.

Во октомври филмот беше прикажан и во Виена, на фестивалот Let’s CEE Film Festival – Vienna.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија и Националниот фонд за кинематографија на Република Чешка и претставува копродукција помеѓу Македонија (Кавал Филм), Чешка (i/o post и Soundsquare од Прага) и Словенија (Aatalanta, Љубљана), со учество на Македонската радио телевизија и Радио телевизија Словенија.

- Реклама -