Home Популарно на 365 Трудовата Влада

Трудовата Влада

0
Трудовата Влада

Запрашан зошто решил во неговата Влада да има еднаков број мажи и жени, новиот премиер Трудо одговори: “Зашто е 2015 година”.

Стотици Канаѓани го пречекаа со овации новиот премиер Џастин Трудо.

трудо1

31 година по крајот на мандатот на неговиот татко Пјер Елио Трудо либералот Џастин Трудо го презеде управувањето на Канада по церемонијата, која раскина со традицијата на досегашното конзервативно владеење.

43-годишниот Трудо направи долга прошетка во паркот на Ридо Хол, резиденцијата на претставниците на британската круна. Под звукот на гајда, придружуван од неговата сопруга Софи и 30-те министри, Трудо премина пеш низ паркот, за да се сретне со генералниот гувернер Дејвид Џонстон.

Харџит Саџан, поранешен полициски детектив и ветеран со искуство од три воени мисии во Авганистан, денеска положи заклетва како министер за одбрана на Канада, јави Ројтерс.

Под негово раководство ќе се оствари очекуваната промена во воениот ангажман на Канада во битката против милитантите во Сирија и Ирак. Новиот премиер Џастин Трудо веќе изјави дека сака да ги прекине канадските воздушни напади во регионот и да ги замени со обезбедување на хуманитарна помош.

Роден во Индија, избран во парламентот за првпат на изборите минатиот месец, Саџан е типичен пример за младиот и разновиден кабинет, кој Трудо се стремеше да го состави. Саџан е потполковник од вооружените сили на Канада и служел во Кандахар (Авганистан) и Босна и Херцеговина.

трудо2

Тој е првиот Сикит кој станал управник во Канада, и има добиено голем број награди, меѓу кои Орден за боречки заслуги. Бил и полицаец во Ванкувер 11 години, работел како детектив во единица за гангстерски криминал.

Во новата влада на Канада влегуваат 15 мажи и 15 жени. Слична еднаквост се случува за прв пат во историјата на земјата.

Запрашан зошто решил во неговата канцеларија да има еднаков број мажи и жени, новиот премиер одговори: “Затоа што е 2015 година”.

трудо3

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here