365 Лекции по иритирање

iritiranjeЕксклузивно! 365.com.mk најавува лекции кои многу ќе ви помогнат ако
мислите дека вашиот живот е досаден или монотон. Заработете минимум
една скршеница на раката или изместување на вашата брада следејќи ги
овие упатства за иритирање. Кликни бе на сликата!

 

iritiranje

 


Ексклузивно! 365.com.mk најавува лекции кои многу ќе ви помогнат ако
мислите дека вашиот живот е досаден или монотон. Заработете минимум
една скршеница на раката или изместување на вашата брада следејќи ги
овие упатства за иритирање.

 

1. Свиркајте ја музиката од Бетмен или Џејмс Бонд преку целиот работен ден

2. На сите извештаи од кредитните картички каде што пишува „Ваши забелешки„ напишете „Многу сум убав„

3. Во McDonalds drive in-от, кажете им на вработените дека нарачката ви е „за носење„ со иритирачки тон

4. Научете Морзеова азбука и сите конверзации на јавни места со пријателите водете ги со „Бип бип бип бип биииип„

5. Зборувајте само со „роботски„ глас

6. Почнувајте го секој оброк со темелно лижење на храната гледајќи ги сите присутни со “кучешки поглед при јадење„

7. Наместете ги сетирањата на фотокопирот така што ќе ги намалува сите копии за 200 проценти

8. Додека разговарате, шмркајте во просек секоја минута

9. Оставете го вклучен левиот трепкач на колата преку целото патување до Охрид

10. Крстете го вашето куче “Куче“

11. Секогаш возете со вклучени брисачи со цел „да ги држите во форма„

12. Секогаш, на секого, одговарајте му со “Тоа е ТВОЕ мислење“

13. Тврдете дека секогаш морате да ја носите својата велосипедска кацига како дел од вашиот “астронаутски тренинг“

14. Прогласете го вашиот стан за независна држава и поднесете тужба против вашите комшии од горниот спрат за „нелегално преминување на границата„

15. Заборавете го крајот на многу долг виц, но убедете го слушателот дека беше „навистина многу смешно„

16. Кога ќе ви дојдат гости, одете по нив прскајќи со спреј за дезинфекција при секој нивни допир со било што

17. Давајте им докторски ракавици на сите ваши гости „поради грипот„

18. Вежбајте факс и модем звуци во автобус

19. Потцртувајте апсолутно неважни научни информации и направете "cc:" до вашиот шеф

20. Завшувајте ги сите ваши реченици со „како и што предвиде Нострадамус„

Се надеваме дека ви помогнавме. До наредните лекции:

БИИИИИИИИИИИППППППППП БИИИИИИИИИИИИИИИИПППППППППППППП БИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИППППППППППППППППППППППППППППП БИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИПППППППППППППП
БИИИИИИИИИИИППППППППП БИИИИИИИИИИИИИИИИПППППППППППППП БИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИППППППППППППППППППППППППППППП
БИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИПППППППППППППП
БИИИИИИИИИИИППППППППП БИИИИИИИИИИИИИИИИПППППППППППППП
БИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИППППППППППППППППППППППППППППП БИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИПППППППППППППП

- Реклама -