Четири откритија направени под дејство на дрога

Постојат доста докази дека некои забранети стимуланси будат иновативни мисли и идеи, ја стимулираат креативноста и дури водат до сензационални откритија, иако науката докажала на многу наврати дека стимулот е краткорочен, а откако ќе прерасне во зависност повеќе ништо не е исто и секако може да убие.

Од музички ремек дела до научни теории, многу креативни и истражувачки области се збогатени од личности кои добиле „сијаличка“ под влијание на опојни супстанции. Сајтот All-That-Is-Interesting ни нуди да дознаеме нешто повеќе за 5-те од најзначајните откритија направени под влијание на дрога:

1. ДНК

Добро познат факт е дека откривачот на двојната спирална структура на ДНК бил под влијание на халуциногена дрога LSD. Нобеловиот лауреат и пионер во генетските истражувања Френсис Крик споделил пред своите колеги дека сакал да консумира дрога, за да ги стимулира меморијата и менталната издржливост, и бил под нејзино влијание, кога го направил откритието.

 2. Полимераза верижна реакција (PCR)

д-р Кери Банкс Мелис исто така бил под дејство на LSD кога направил откритие кое што ја променило молекуларната биологија и молекуларната дијагностика. Во 1993 година д-р Мелис ја добива Нобеловата награда за хемија за пронајдокот на експерименталниот метод PCR (полимераза верижна реакција).  Полимераза верижна реакција е техника во молекуларната биологија која се употребува за амплификација на една или неколку копии на ДНК при што се добиваат илјадници до милиони копии на одредена ДНК секвенца.

3. Теориите на Фројд

5 открития, направени под въздействието на наркотици

Мажот зад теориите за потсвеста и психоанализата – Сигмунд Фројд бил обожавател на кокаинот. Дури може да се каже дека тој е откривач на дрогата. Зависноста му била помала додека работел на прочуените трудови, но интересот кон потсвеста на соништата и сексуалноста се должат токму на употребата на кокаин. Во 1884 година Фројд дури објави материјал со наслов “On Coca” (“На кокаин”), во кој изразува пофалби кон кокаинот поради неговата способност да лекува различни психички и физички болести.

4. Coca-Cola

Поради името, за газираниот пијалок Coca-Cola се смета дека е основан повторно под влијание на кокаин. Исто како Фројд, фармацевтот кој го измислил пијалокот Џон Пембертан бил страствен поборник на дрогата и нејзините здравствени придобивки и верувал дека таа лекува сè – од депресија до зависност од морфиум. Поради содржината на екстрактот од листовите на кока, сметководителот на Пембертан предложил пијалокот да биде именуван “Coca-Cola”. Така се родила црно-белата икона во потрошувачката индустрија.

- Реклама -