Најпопуларниот јутјубер заработува 12 милиони долари

Списанието „Форбс“ прво ја објави листата на најплатените личности на „Јутјуб“. Најмногу заработуваат комичарите, обожавателите на видео игри, куварите, шминкерите…

YouTube-logo-full_color

Ако во изминатиот период  сме можеле да прочитаме колку заработуваат популарните филмски и телевизиски глумци, глумици и спортистите, сега на ред се оние кои своите таленти ги претставуваат на друштвената мрежа „Јутјуб“. Ова е прв пат реномираното списание „Форбс“ да ги рангира Јутјуберите. За нивниот пласман на листата од јуни минатата година до јуни годинава зборуваат заработувачките без даноците и таксите, податоците што агенцијата „Нилсен“ и сајтот ИМДБ го имаат доставено на „Форбс“, прегледувањата на снимките на „Јутјуб“, како и интрвјуата со многумина агенти во индустријата на забавата.

feliks-klejberg-printskrin-jutjub

Прв на листата со заработувачка од дванаесет милиони долари годишно е Феликс Кјелберг (25) попознат како „Пју-Ди-Пај“. На посетителите на неговиот профил кој брои речиси четириесет милиони следачи забавно им е да го гледаат додека тој ги поминува нивоата во најпопуларните видео игри. Со своите шеговити коментари тој ја има освоено публиката на интернетот.

Другарите Иан Хекокс и Ентони Падиља имаат пет „Смош“ канали на „Јутјуб“ и истоимен филм. Со своите скечеви стекнале бројни обожаватели, но и заработувачка од 8,5 милиони долари. Иста плата заработиле и „Фајн Бродерс“  водители на емисијата „Реакција на тоа“ на една детска телевизија.

linzi-stirling-printskrin-jutjub

Виолинистката Линзи Стирлинг вниманието на јавноста го свртела со обработките на популарни песни, особено со воведната тема  на популарната серија „Гејм оф троунс“. Откако повеќе пати не ѝ успеало да сними албум, се свртела кон „Јутјуб“ од што заработува шест милиони годишно. Таа сега има и албум, но и канал кој е многу посетен на оваа друштвена мрежа,  а има и армија обожаватели.

Благодарение на смешните снимки, дуото Рет и Линк заработуваат 4,5 милиони долари годишно, додека иста сума добива и коментаторот на видеов игри – Британецот Ксај.

misel-fan-foto-ap

Мишел Фан се најде на листата благодарение на туторијалот „Како најдобро да се нашминкате“ за кој добива 3 милиони годишно.

Половина милион помалку добиваат стенд-ап комичарката Лили Синг попозната како Супердевојка, Ронам Етвуд познат по својата скриена камера и Ронсана Пансино која посетителите на нејзиниот профил ги учи да готват.

- Реклама -