Видео: Излезена секси снимка од идна манекенка – градоначалничка

Валерија Прокопенко е  21-годишна правничка која се кандидира за градоначалник во Одеса, во југозападниот дел на Украина. 

Но таа на својот град понудила и нешто друго. По завршувањето на предизборната кампања која поминала во најдобар ред, неколку дена пред изборите се појавила секси снимка од младата градоначалничка.

Таа во своја одбрана изјави дека тоа е видео кое е снимено за да се натпреварува на изборот на убавица „Мис Олимп“.

Голем дел од гласачите мислат дека тоа е направено намерно од страна на противниците на Валерија, додека пак многумина мислат дека тоа е потег на идната градоначалничка.

Имено, со ова видео нејзината популарност драстично се зголемила.

- Реклама -