Климатските промени го направиле периодот од 2011-2015 година најтопол петгодишен период откако се води статистика, според извештајот на Светската метеоролошка организација за состојбата на светската клима, пренесува The Guardian.
Оваа година се очекува да биде најтоплата регистрирана во историјата, со тоа што планетарните температури ќе го надминат симболичниот 1 степен над нивоата од пред индустријализацијата. Извршената проверка од Светската метеоролошка организација го наведува како причина за горештините ефектот од феноменот “Ел Нињо”.
Извештајот на Светската метеоролошка организација се појавува помалку од една недела пред над 130 светски лидери да се соберат во Париз на историска средба за климатските промени за намалување на стакленичките гасови по 2020 година.