Решена мистеријата околу фотографијата од убиецот на Кенеди

Експертите тврдат дека благодарение на најновите форезнички методи успеале да решат мистерија стара со години.

Се работи за спорната фотографија од убиецот на Џон Кенди за која со години се шпекулирале дека лицето на Освалд е поинакво отколку на неговите други фотографии како и дека големината на пушката не се совпаѓа со реалната.

Сепак, експертите успеале да докажат дека фотографијата на убиецот на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди е автентична.

Освалд исто тврдел дека фотографијата е монтажа, но научниците користејќи дигитални форензички техники како и 3Д модел го докажале спротивното.

– Нашата детална анализа на неговите поза, светлата и сенките како и на пушката во неговата рака негира дека имало некакво преработување на фотографијата – вели еден од стручњаците Хени Фарид.

kenedi-fotografija

Како настануваат теориите на заговор?

Полицијата во Далас објавила фотографии од Освалд со пушката два дена по убиството на Кенеди кое се случи на 22 ноември 1963 година. Теориите на заговор се разгориле откако се дознало дека не биле на списокот работите кои се пронајдени во куќата на Освалд. Облеката што ја носел на фотографијата никогаш не е пронајдена.

Куршумите кои се земени од местото на убиството на омилениот американски претседател одговарале на пушката со која Ли Освалд позирал.

- Реклама -