Гостиварчанец ја убил сопругата со секира

Маж од Гостивар на 49 годишна возраст ја убил својата сопруга со секира, јавува дописникот на МИА од Гостивар.

Според информациите со кои што располага Јавното обвинителство во Гостивар, убиството веројатно се случило непосредно после полноќ во домот на семејството.

Осомничениот сопруг веројатно се расправал со својата сопруга, а потоа во спалната соба ја убил со секира.

По убиството, мажот од Врапчиште самиот се пријавил во полициската станица во Гостивар.

Истрагата продолжува до целосно расветлување на околностите при кои дошло до убиството.

 

- Реклама -