Најочекуваните филмски продолженија во 2011 (2. дел)

најочекувани продолженијаКога некој филм е премногу успешен и ќе заработи многу пари, тогаш речиси е сигурно дека ќе има продолжение. А годината која следува, е преполна со такви продолженија. Погледнете кои се тие – можеби ќе ги најдете оние кои ги очекувате.

Кога некој филм е премногу успешен и ќе заработи многу пари, тогаш речиси е сигурно дека ќе има продолжение. А годината која следува, е преполна со такви продолженија. Погледнете кои се тие – можеби ќе ги најдете оние кои ги очекувате.

(Alien)
alien-5-script
Иако нема многу вести околу овој филм, едно е сигурно: студиото Twentieth Century Fox го прифатило првото сценариото на веќе омилениот – Дејмон Линделоф од „Изгубени“. Исто така, иако многу детали се чуваат во тајност, се знае дека дејството ќе се одвива 35 години пред оригиналниот првиот филм кој носеше наслов „Осми патник“. На луѓето од студиото им се допаднало сценариото на Линделоф бидејќи тоа не барало многу пари – што значи дека филмот ќе има понизок буџет. Режијата е повторно на Ридли Скот, а за кастингот не се знае многу – но е објавено дека Натали Портман би можело да ја има главната улога.


„Издигнувањето на Мрачниот Витез“
(The Dark Knight Rises)
dark-knight-rises
Кристофер Нолан објави многу важни детали за неговиот трет и последен филм за Бетмен. Меѓу другото, насловот на филмот ќе биде „Издигнувањето на мрачниот витез“ и негативецот нема да биде Загатнувачот. Ова најверојатно ги изненади сите фанови, бидејќи многу се шпекулираше дека тој е најголемиот кандидат за противникот на Бетмен. Исто така, ликот се совпаѓа со „изопачениот“ ум на Нолан. Нолан, исто така, изјави и дека третиот дел нема да биде во 3Д, што воопшто не е изненадување, бидејќи тој не ја користи таа технологија – дури и многу успешниот „Зачеток“ (Inception) одби да го сними во 3Д верзија. Тој е убеден дека 2Д технологијата сѐ уште може да биде успешна.

Заплетот на филмот сѐ уште не е познат, а се знае дека Том Харди, од „Зачеток“, е дел од екипата, а веројатно и Џозеф-Гордон Левит, кој играше во истиот филм. Сите беа убедени дека Џозеф ќе го толкува ликот на Загатнувачот, но сега кога тој лик е исфрлен од игра – останува да видиме која улога ќе му припадне.


„Подземје 4“
(Underworld 4)
fourth-underworld-movie
Очигледно дека трите филма од серијалот не беа доволни. Првиот заработи 95 милиони долари ширум светот, вториот 111, а третиот – во кој не настапуваше Кејт Бекинсејл – заработи најмалку, само 89 милиони долари. Но, сите филмови собрани заедно заработија речиси 300 милиони, па луѓето вклучени во нив не сакаа да ги остават туку-така. Сценариото ќе биде на Џон Хлавин, а за приказната ништо не се знае. Но, Хлавин вели: „Можам да ви кажам дека не е претпродолжение. Фановите ќе бидат задоволни, како и новата публика. Нема да се повторуваме со старите филмови, бидејќи публиката постојано сака нови елементи“. Ниеден режисер сѐ уште не се спомнува околу овој филм, а и не се знае дали повторно ќе настапуваат Кејт Бекинсејл или Рона Митра (од третиот дел), иако се знаат продуцентите: Лен Вајсман и Гери Лучеси.


„Ѕвездени патеки 12“
(Star Trek 12)
star-trek-sequel
„Ѕвездени патеки 11“ на Џ.Џ. Абрамс беше вистински летен хит и брилијантно осмилен нов почетокот на целиот серијал. Со таков успех, Џ.Џ. Абрамс дискутира за ново продолжение на филмот: „Следниот филм ќе биде вреден за публиката, а не само обично продолжение. Во првиот филм ги претставивме ликовите –  па во продолженитео ќе имаме поразлична мисија“. Иако Абрамс не потврди, сепак се шпекулира дека во второто продолжение ќе се искористи темата за глобалното затоплување, како  што беше случајот со „Ѕвездени патеки 4: Патувањето дома“. Тој беше режиран од Леонард Нимој (Спок) и е еден од најдобрите  филмови во серијалот. Но, и покрај успехот, многу фанови имаа забелешки за силните (и непотребни) рефлектори во првиот дел, па да се надеваме дека ќе ги нема толку многу во продолжението.


„Трансформери: Темнината на Месечината“
(Transformers: The Dark of the Moon)
transformers-3-sequel-plans
Студиото Парамаунт официјално објави дека третиот дел од Трансформери ќе има премиера на 1 јули 2011. Актерите Шaја Лабуф и Меган Фокс веќе изјавија дека сакаат да бидат дел од новото продолжение, но многу е веројатно дека Меган ќе биде заменета со друга актерка (се шпекулира дека таа актерка е моделот Роуз Хантингтон-Витли). Според нив, новиот филм ќе биде „помрачен, полуд – и некој ќе умре“. Првиот беше личен, вториот интернационален, а третиот ќе биде интергалактички“. Но, и овој филм нема да можете да го видите во 3Д, бидејќи и режисерот Мајкл Беј не е голем обожавател на таа технологија, а и не сака да си ја прекрши традицијата снимајќи во 2Д. Колку и оваа технологија да е успешна, сепак, многу режисери ја одбегнуваат. Сценаристите веќе покажаа голем интерес за Галватрон („повторно родениот“ робот од уништениот Мегатрон) и Уникорн (робот голем колку планета, од оригиналната анимирана серија), но се појавува логичниот проблемот – како Шaја Лабуф ќе се бори против робот со големина на планета?


„Пирати од Карибите: На почудни плими“
(Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides)
pirates-of-the-caribbean-4
Филмовите Пирати од Карибите се едни од најпрофитибатилните филмови некогаш направени. Трилогијата заработи неверојатни 2.79 милијарди долари ширум светот. Па затоа, не очекувајте дека Пиратите ќе одмораат наскоро. Џони Деп веќе потврди дека ќе се поајви во четвртиот дел, репризирајќи го неверојатниот капетан Џек Спероу. Третиот дел ни остави отворен крај, па очекувајте во продолжението да ја видите Фонтаната на младоста, или според мапата на Спероу во последниот дел – “Aqua de Vita”. Околу кастингот, Кира Најтли изјави дека не сака да сними уште еден пиратски филм, а ако таа не е во филмот, нема да биде ни Орландо Блум. Нелогично е да го има едниот лик ако го нема другиот. Додуша, на кариерата на Најтли не ѝ е потребен уште еден ваков филм, додека пак на кариерата на Блум – и тоа како му е потребен. Приказната, барем од досегашните гласини, ќе се врти околи Барбоса и Спероу, двајцата трагајќи по истата награда. А можно и да се здружат, со цел да победат некоја натприродна закана. Датумот на премиерата, наводно, е 2011.

„Аватар 2 и Аватар 3“
(Avatar)
avatar-2-sequel-trilogy
На Аватар беа потрошени 310 милиони за продукцијата и 150 милиони за маркетинг и дистрибуција. Досега има заработено 2,76 милијарди долари, а и натаму ќе носи приход. Дали ќе има продолжение? И тоа како! Плус, Џејмс Камерон нема никаков проблем со правење продолженија (Терминатор 2 и серијалот Вонземјанин). Всушност, кога се работи за продолженија – тој е најдобриот режисер на светот. Камерон започна за зборува за Аватар 2, па дури и за Аватар трилогија, уште во 2006. Па, што ќе се случи во продолженијата? Џејк и Неитри ќе ја истражуваат Пандора, а и не само Пандора, туку и другите месечини на Полимфус. Технологијата со која беше снимен првиот дел сега е уште понапредна и поусовршена, па новите делови ќе бидат „пореални“. Но, не ги очекувајте во 2011, сценаријата сѐ уште не се ни напишани. Во моментов, Џејмс Камерон ги подготува „Титаник 3Д“ и „Клеопатра“.


„Пајнепл експрес 2“
(Pineapple Express 2)
pineapple_express_2_sequel_plans
Иако „Пајнепл Експрес“ не беше толку успешен филм како „Супер лоши“, не значи дека не беше забавен. Всушност, тој ќе има продолжение, а другиот не. Сет Роген, кој е во главната улога, исто така е и ко-авторот на продолжението. Но, кога Џејмс Франко беше запрашан за продолжението, тој изјави дека планираат да направат вкрстување, односно филм со ликови и од „Супер лоши“. Со други зборови, како што јунаците од светот на Марвел се појавуваат во филмовите на Кевин Смит – и ликовите од овие два филма ќе се појават во еден заеднички филм. „Дури и пред да излезе ’Супер Лоши’, студиото преговараше за продолжение на филмот, но сценаристите (Сет Роген и Еван Голдберг) не сакаа“, вели Франко. „Па сега одговорот е филм што е спој од двата, со двајца режисери  – Грег Мотола и Дејвид Гордон Грин. Секој од нив ќе режира една половина од филмот“. Интересното е што Роген портетира ликови и во двата филма, па ќе биде доста интересно.


„Истерувачи на духови 3“
(Ghostbusters 3)

ivan-reitman-ghostbusters-3

Околу овој филм, едно е сигурно: Иван Рејтман, режисерот на првите два дела, ќе го режира и овој. Веќе имаат почетно сценарио и планот е филмот да се појави на големото платно во 2011. Но, освен „Истерувачи на духови“, Рејтман и немал некој голем успех со филмовите, па многуминна се прашуваат дали и овие филмови треба да се остават како што се? Поминаа веќе 20 години од вториот дел, но сите се надеваат дека целосната оригинална екипа ќе се врати и за овој дел. Бил Мареј, по овие филмови, имаше долга и успешна кариера (и сѐ уште има) – тој се појавува во речиси секој филм на Џим Џармуш и на девојката инспирирана од Џармуш, Софија Копола. Доколку се вратат сите, но го нема Мареј, продолжението подобро и да не се снима.


„Вулварин 2“
(Wolverine 2)
wolverine-2-news
Уште од кога филмот „Потеклото на Икс луѓето: Вулварин“ излезе на блу реј, подготовките за неговото продолжение започнаа. Сценаристот на второто продолжение е Кристофер Мекквари, кој стои зад култниот филм „Вообичаените осомничени“. Заплетот ќе биде инспириран од лимитираната серија на стрипови Крис Клермонт / Френ Милер: Вулварин. Во таа приказна, Вулварин оди во Јапонија за да си ги пронајде корените. Сигурно е дека ќе има убава иконографија и амбиент, но ако оваа јапонска приказна не успее, тогаш ќе нема друго продолжение. Ако успее – и тоа како ќе има. Впрочем, во серијалот има вкупно 22 стрипа. Хју Џекмен веќе потврди дека би сакал да го репризира својот лик, што е навистина одлична вест. Можете ли да си го замислите Вулварин како самурај? Зашто да не – ќе биде одличен!

„Куќата на големата мама 3“
(Big Momma’s House 3)
big-mommas-house-3-news
The трилогииите „Господар на прстените“ и „Борн“ доаѓа и трилогијата „Куќата на големата мама“. Мартин Лоренс повторно ќе се врати како брзоплетиот детектив кој се облекува во женски костим, а и најверојатно Пол Џиамати повторно ќе биде тука. За приказната не се знае ништо, освен тоа – да не очекуваме многу. Впрочем, прашањето е: кој воопшто ги гледа овие филмови? Дури и ако ви се допаднал првиот дел – уште две продолженија? Датмуот на премиерата сѐ уште не е познат… ама и не се знае дали некого воопшто го интересира.
- Реклама -