Скриени пораки во „Аватар“?

АватарНепосредно по премиерата, која мина одлично и покрај сите протести, критичарите побрзаа да најдат скриени политички пораки во филмот на Џејмс Камерон. Но, дали навистина тоа е така?

Непосредно по премиерата, која мина одлично и покрај сите протести, критичарите побрзаа да најдат скриени политички пораки во филмот на Џејмс Камерон. Но, дали навистина тоа е така?

АватарФилмот на Џејмс Камерон чие дејство е сместено во иднината, ја раскажува приказната за нападот на месечината Пандора, на која живее хуманоидна раса која не претставува закана за човештвото, заради крадење на ресурсите кои таму се наоѓаат. Сините вонземјани се мирен, продуховен народ, со специфична племенска култура.

Нападот се извршува со далечински контролирани аватари, поради неможноста на луѓето да дишат во атмосферата на Пандора. Еден од управувачите на аватарите, штом ќе се запознае со културата на Навите, ќе одлучи да се сврти против колегите и да им помогне на недолжните суштества во борбата за слобода. Започнувате да ги гледате скриените пораки?

Бројни филмски критичари истакнаа дека Камерон ги пренел во скриени пораки своите ставови против војната, против уништувањето на околината и злоупотребата на домородците и ендемските животински видови што толку многу пати се случила во нашата историја, во име на профитот. Се наведува дека многу од заплетите потсетуваат на војната во Ирак, војната во Виетнам, масакарот на Индијанците, уништувањето на животната средина, итн.

Џејмс Камерон никогаш не го скрил фактот дека овој филм има силна политичка порака и оти тој тоа никогаш не го сокрил. Камерон е активист за заштита на животната средина, неброени пати дал изјави дека во име на заработката годишно уништуваме повеќе животински видови отколку што можеме да класифицираме и дека еден од најголемите гревови во историјата на човештвото е уништувањето на културата на Индијанците и Црнците во Африка. Во неколку интервјуа тој откри дека ставовите отворено му се пресликани во последниот филм.

А и што би биле филмовите без пораки?

- Реклама -