2008 Darwin Awards

Повеќе...

Во Калифорнија се прогласени традиционалните Дарвинови награди кои се доделуваат за најглупавите смртни случаи во претходните година дена. Првите две места ги зазеле еден свештеник и еден Италијанец кој својот автомобил го сакал повеќе од самиот себе. 

baloni.jpg

Пречесниот Аделир Антонио ди Карли се обидувал да го постави рекордот по број на часа поминати во воздух со помош на балони, но тоа го платил со својот живот. Свештеникот кој се кренал во воздух со помош на 1000 балони полни со хелиум убедливо го освоил првото место. Неговите остатоци се пронајдени дури три месеци подоцна. Инаку планот му бил да помине 19 часа во воздух. Не е познато дали го соборил рекордот.
Второто место го освоил Италијанецот Ивече Платнер (68), кој го изгубил животот обидувајќи се да го спаси своето Порше. Кога сфатил дека автомобилот му се заглавил на шините, истрчал надвор и мавтајќи со рацете почнал да трча кон возот кој доаѓал. Возот го прегазил, но Поршето било спасено бидејќи машиновозачот успеал да ја запре композицијата десетина метри пред автомобилот. 
- Реклама -