Досетливи цитати од Оскар Вајлд по повод роденденот

Оскар Фингал О’Флаерти Вилс Вајлд бил роден на денешен ден пред 161 година. Тој е ирски драмски писател, поет, раскажувач и автор на еден роман.

Познат по неговата зајадлива досетливост, станал еден од најуспешните драмски писатели на доцната викторијанска епоха во Лондон, како и една од најпознатите личности на неговото време. Негови најпознати дела се комедијата „Ладалото на Леди Виндермир“, „Важно е да се викаш Ернест“, „Идеален маж“ и романот „Сликата на Доријан Греј“. Неколку од неговите драми и понатаму често се изведуваат на сцена, особено „Важно е да се биде Богумил“ (анг. The Importance of Being Earnest). Како последица на општо познати судења, Вајлд доживува драматичен пад и бил затворен две години на робија откако го осудиле за „непристојно однесување“ со друг маж. По неговото ослободување од затвор, запловил за Дјеп со ноќниот ферибот. Никогаш повеќе не се вратил во Ирска ниту во Британија.

oscar1-wilde

Пренесуваме неколку цитати во негова чест.

„Циник е човек кој ја знае цената на сè, а вредноста на ништо.

„Штета е тоа што во животот учиме лекции само кога веќе не ни се потребни.“

„Можам да оддолеам на сè, освен на искушение.“

88373f2dc7ddb1af17f48c93f1bbb975

„Старите веруваат во сè, средовечните се сомневаат во сè, а младите знаат сè.“

„Генијалецот се раѓа, а не се плаќа.“

„Има само две трагедии во животот: Едната е да не се добие она што се сака, а другата е да се добие.“

PosterArt2009

„Мислам дека Господ, се преценил во својата способност кога го креирал човекот.“

„Секогаш простувајте им на своите непријатели – ништо нема да ги изнервира повеќе од тоа.“

„Да се дефинираш, значи да се ограничиш.“

a40672194349ba9e8fac16696f907947

„Кажано е дека големите настани во светот се случуваат во умот. Таму исто така се случуваат најголемите гревови во светот.“

„Да живееш е една од најретките нешта во животот. Повеќето луѓе само постојат.“

„Повеќето луѓе се други луѓе: нивните мисли се туѓи мислења, нивните животи имитација, а нивните страсти цитати.“

„Искуство е она што луѓето ги нарекуваат нивните грешки.“

8443886167_78e06b0e8b_b

„Суштината на романсата е несигурноста.“

„Секој кој живее во рамките на своите граници има недостаток на имагинација.“

„Цитирањето е корисна замена за духовитост.“

Прочитај повеќе: ЗА ПОСРЕЌНА НЕДЕЛА: ЗАБАВНИ МИСЛИ НА ОСКАР ВАЈЛД

- Реклама -