Да наведуваме причини зошто нашата планета не е само обичен камен во вселената, можеме до утре. Подобро е да ви покажеме. Колку да не е без ич: кога стоиме на екваторот, се вртиме околу центарот на Земјата со околу 1609 км/ч, имаме идентификувано 9.956 видови птици и десет пати повеќе инсекти, океанот е околу 11.25 километри длабок во најдлабоката точка…
„howfarfromhome“ е Инстаграм дуо од двајца креативци, кои ги имаат напуштено своите работи за да шетаат по светот во потрага по најуникатните места. По 20 месеци истражување, пешачење, качување, прошетки по планини и летање, издвојуваат 20 од тоа што до сега го виделе. Има уште милион други места што треба да се фотографираат, но да им дадеме време.