Некогаш луѓето фотографираа луѓе и убави спомени, денес фотографираат лате во кафич. Некаде помеѓу почнавме да ја користиме фотографијата и за да документираме.
Во оваа последнава категорија, настанаа и такви фотографии што ја заробија човечката тага, јад, чудење, чиста радост или необичност преку само еден миг. Дел од нив остануваат со тебе долги години откако само еднаш ќе ги погледнеш.
За таквата моќ на фотографијата сме пишувале, ама и немало потреба – ги познавате веднаш штом ќе ги видите. Овие во продолжение се од тие. Можеби не се токму 20-те најмоќни во целата историја, ама се во конкуренција.
1. Татко и син фотографирани во 1949, па во 2009 година. Времето го наплатило својот данок, а улогите на тоа кој е поголем и кој се грижи за другиот се сменети.
2. Руски војник запира за да засвири на напуштен клавир во Чеченија, 1994 година.
3. Христијани, формирајќи круг, ги бранат муслиманите со жив штит за време на молитвите во текот на немирите во египетскиот Каиро, 2011 година.
4. Жена седи крај куп смет – она што останало по разорното цунами во Јапонија во 2011-та.
5. Ветеран од Втора светска војна по повеќе од 50 години го здогледува тенкот кој му ја сочувал главата. Денес тој тенк е споменик.
6. Млад ученик свири на погребот на својот учител. Љубовта кон музиката го одвлекла младичов кон правиот пат, оддалечувајќи го од гетото и бандите.
7. Локален жител спасува мачка во катастрофалните поплави во Индија во 2011-та.
8. Авганистанец му носи чај на американски војник.
9. Демонстрација на користење кондоми на јавен пазар во Папуа.
10. Мисионер ја држи раката на изгладнето дете во Африка.
11. Младо момче плаче на дождот откако разорен циклон во 2008 му го разори домот и остави милиони во Мјанмар без покрив над глава. Тогаш загинаа околу 100.000 луѓе.
12. Специјална полиција проверува дали женските костими за капење се доволно долги и во согласност со моралот. 1920-ти години.
13. Демонстрант со посебно шоу за полицијата. На протест во Брисел против политиката на ЕУ.
14. Песот Занџир има спасено над илјада животи во Момбај, со тоа што открил повеќе од 3.300 килограми експлозив, 600 детонатори и 250 рачни гранати. Погребан е со целосни почести во 2000-та година.
15. Напуштени автомобили во текот на снежно невреме во Чикаго.
16. Четири деца за продажба. САД 1948-ма година. Не е шега, фотографијата е автентична и предизвика јавен бес.
17. Апсењето на пензионираниот полициски капетан Реј Луис во Филаделфија. Уапсен за учество во „Окупирај го Волстрит“ од 2011 година.
18. Куче по име Leao втор ден по ред седи крај гробот на неговиот сопственик, кој загинал во катастрофалните лизгања на земјиште во близина на Рио де Жанеиро на 15 јануари 2011 година.
19. Пеле и британскиот капитен Боби Мур разменуваат дресови во 1970 година во знак на меѓусебна почит, на светски куп кој беше одбележан токму од расизам.
20. Американска војничка си ја гледа ќерката по 7 месеци во Ирак.
21. Девојка во карантин поради радијација, и нејзиното куче. Јапонија, Нихонмацу, 14 март 2011-та, три дена по цунамито.
22. Севернокореец мафта додека неговиот роднина од Јужна Кореја плаче. Фотографијата е направена по меѓукорејската средба за обединување на семејства во октомви 2010-та. На 436 јужнонокорејци им беше дозволено да поминат три дена во Северна Кореја за да се сретнат со свои 97 севернокорејски роднини, со кои биле разделени уште од војната во 1950-1953 година.
23. Германски воен заробеник од Втората светска војна, ослободен од Советскиот сојуз, се обединува со својата ќерка која го нема видено од своја едногодишна возраст.
24. Четиримесечно женско бебе чудесно најдено и спасено по 4 дена поминати под урнатините од јапонското цунами.
25. Воениот заробеник Хорас Грисли му пркоси на Хајнрих Химлер лично, за време на инспекција на кампот каде бил затворен. Грисли славно избегал, но не без да се прикраде повеќе од 200 пати назад во кампот, бидејќи се заљубил во локална германска девојка.
26. Мајка теши син во Конкорд, Алабама, откако нивната куќа била комплетно уништена од торнадото во април 2011-та.
27. За крај, оваа нас некако најмногу нé погоди; Французин, цивил, плаче додека гледа како нацистите го окупираат Париз.