20 години го чекаме Трејнспотинг 2, за ваков шит трејлер?

Одбери живот, одбери работа, одбери кариера, одбери семејство. Одбери ебено голем телевизор. Одбери машина за перење, кола, компакт диск плеер …

А ако си Дени Бојл одбери да снимиш Трејнспотинг 2, и тоа 20 години по првиот.

Во знак на задоволство, по почетокот на снимањето на филмот, пуштен е и официјалниот треилер на Трејнспотин 2 кој всушност е направен од рециклирани снимки од оригиналниот филм во комбинација со неколку алузии на новиот заплет.

„Дваесет години подоцна, а истите глумци“, рече лани Бојл на Њујоршкиот филмски фестивал.

Ирвин Велш е автор на романот Трејнспотинг кој е и инспирација за филмот (првиот дел). Ирвин извади и продолжение под името „Порно“. Новиот филм најверојатно ќе биде базиран на романот „Порно“, но сите веќе го нарекуваат „Трејнспотинг 2“.

Прочитајте и:  Kinds of Kindness“ во режија на Јоргос Лантимос - визионерска симфонија на апсурдот

Замислете повторно  Иан Мекгрегор во улога на Рентон, и цела екипа после толку хорс, жива, здрава и спремна за нов предизвик.

Ај да видиме.

Едноставно, Дени Бојл нема право на кикс.

- Реклама -