Малезиецот Рубен Тео вели дека да се посети Северна Кореја е искуство што наликува на нешто што ти се случува еднаш во животот. Во Малезија не користат изрази како „одиме на одмор“ кога патуваат во оваа затворена земја. Наместо тоа, велат „ќе влегуваме“.
Собира храброст да влезе во земјата во 2014-та, пред сé воден од својата љубопитност. А кога ќе се најде таму, останува запрепастен, не само од реализацијата дека се наоѓа во прочуената Северна Кореја, и не само од заглавеноста на земјата некаде во 80-тите, туку и од масивните згради и прекрасните споменици, особено во Пјонгјанг. Сепак, фотографот е најмногу импресиониран од прекрасните и гостопримливи луѓе. Вели дека локалните биле екстремно пријателски настроени кон нив странците.
Севернокорејците, исто така, се горди на својата култура и не се срамат да се пофалат со најдобрата архитектура и уметнички вештини. Доминиран од фузија на традиционални и социјалистички архитектонски стилови, главниот град е мошне уникатен. Така, и самото будење во Пјонгјанг и погледнувањето низ прозорецот – е глетка сама по себе.
Денес веќе многу туристи ја имаат посетено Северна Кореја. Обично ги споделуваат своите тамошни искуства онлајн, повеќето филувани според потребите на авторот и според тоа што смета дека ќе му донесе најмногу внимание. Тео, од друга страна, се обидува да ја прикаже убавината на оваа често неразбрана нација. Следува негова компилација од 20 места кои вредат да се посетат во Пјонјгјанг, и кои пред сé ја доловуваат неговата намера.