Замислете го само шоков на ТРОЈЦАВА пријатели кои со своите деца кулирале на брегот на езерото Лох Левен во Шкотска, кога одеднаш ги опколиле спасувачи.
Луѓево си се љубители на метал музика, па така и биле облечени и нашминкани, но на некој од минувачите тоа очигледно не му поминало во глава – тој пријавил дека се работи за самоубиствен култ кој ќе проба да се самоубие.
Спасувачките служби реагирале за миг. Наскоро шокираните мажи биле опкружени од дури 20 противпожарни и амбулантни возила, а наишле и полициски чамци. Вкупно напомош им дошле дури 50 луѓе.
„На полицијата ѝ е дојавено дека сме во смрта опасност, и тие изведоа одлична акција на спасување, со еден мал проблем: ние немавме ни тронка потреба од таква“, вели Панагиотис Филис, еден од камперите кој освен што е металец, е и универзитетски професор во Абердин.
Полицијата дури обила и еден од нивните автомобили, барајќи проштално писмо, пишува Guardian. „Полицаецот имаше посекотини на рацете од кршењето на прозорот на мојот автомобил“, раскажува Рос Андерсон.
Неговиот пријател – Дејвид Хендерсон, член на метал бендот Nyctopia, ама и професор по јазик и литература, е прилично разочаран од ситуацијата.
„Излезе дека правиме нешто погрешно само затоа што кампувавме, пиевме пиво и слушавме метал. Бевме облечени во црно и нашите деца имаа шминка на лицето, па луѓето автоматски претпоставиле дека сме опасни. Тажно“.