„1ТВ“ на терен во Унгарија: Груевски преноќил во вилата на Виктор Орбан

Орбан и Груевски на средба во Охрид, септември 2017-та.

Според информациите на екипата на терен на 1ТВ, која телевизијата ја испрати во Унгарија во потрага по информации за локацијата на експремиерот во бегство – Никола Груевски, тој ноќта ја поминал во вилата на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Според нивните извори, првата вечер Груевски ја поминал во хотелот „Коринтија“ во Будимпешта.

Според Европската Конвенција, ако Унгарија се придржува до истата, барателот на политички азил – кој и да е, треба да биде изолиран во домашен притвор сé до моментот додека домашните органи не го одобрат азилот, а не да шета како слободен граѓанин, пренесува 1ТВ.

Од екипата на 1ТВ најавуваат дека во текот на денешниот ден, заедно со нивните информатори од Будимпешта, ќе ги посетат сите локации каде што би можел да се наоѓа Никола Груевски.

- Реклама -