Што е заедничко за сите животни?

Што е заедничко за колибри и слон? Шкорпија, дива свиња, амеба, палма и други организми?

 Според студија направена врз 3006 видови одговорот е една од основните особини во биологијата: количеството на енергија потребно за одржување на животот.

Собирањето и обработката на изворот на храна е критичен аспект за животот кој е обликуван од природната селекција. Но колку енергија му е потребен на некој организам? И дали големината на телото одредува колку време поминуваме во барање на енергија?

На прв поглед едно глувче (чие срце чука околу 500 пати во минута) согорува биоенергетско гориво многу побрзо од кит (чие срце чука 7 пати во минута). Оваа интуиција навлегла во научните проучувања во минатото и многу извештаи брзината на метаболизмот се намалува со зголемувањето на телесната маса.

Но Анастасија Макариева и нејзината меѓународна група колеги биле скептични за овие „закони“ за енергија па решиле да соберат повеќе податоци. Тие набрзо сфатиле дека таа задача е малку потешка: енергијата била мерена со различни мерки, за различен број единки во различни делови од животот на организмите.

На пример, истражување на микроби често ја оценува максималната енергија за време на експоненцијален раст додека студиите на цицачи типично се фокусираат на енергијата во мирување. Метаболизмот на микробите генерално се изразува како единица сува маса; поголемите животни се оценети според единица влажна маса. Додека пак кај растенијата студиите се фокусираат на одредени делови – како лисјата или корењата.

До крајот на проучувањето тимот собрал податоци од 3006 видови и открил нешто неверојатно. Стапките на искористена енергија биле изненадувачки постојани, помеѓу 0,3 и 9 вати по килограм (влажна) биомаса.

Ова откритие е особено изненадувачко со оглед на разликата помеѓу проучуваните животни: најмалиот организам – Францисела туларенсис – тежи 10-14 грама, најголемиот – слонот Елефас максимус – околу 4 милиони грама. Тоа е огромна разлика и ако старите верувања беа во право разликата во потрошена енергија ќе беше над 65.000 пати, но тимот на Макариева дошол до бројка од само 30.

- Реклама -