Измери ја температурата надвор со помош на штурец

Ако немате термометар, можете да користите штурец за утврдување на температурата.

cricket-temperatureТреба само да изброите колку пати штурецот свирка во рамките на 25 секунди, да ја поделите добиената бројка со 3 и да додадете 4.

На пример, ако за 25 секунди свирне 54 пати: 54: 3 + 4 = 22 ºС.

Формулата е измислена од американскиот физичар Aмос Долбер и е објавена во 1897 година во статијата “штурецот како термометар”.

Иако не опишува точно каков вид штурец е анализиран, се претпоставува дека станува збор за Oecanthus fultoni.

- Реклама -