Теорија за смртта: Шеикот починал како последица на многу дрога и алкохол

Шеикот Рашид бин Мухамед бин Рашид Ал Мактум, најстариот син на Шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактума, кој е заменик претседател и премиер во Соединетите Арапски Емирати и владател на Дубаи, почина во саботата попладне. Погребот на несудениот престолонаследник на Дубаи беше одржан на гробиштата Ум Хураир, а молитвата ја предводеше неговиот татко.

sheik

На Шеикот му оддаде почит и неговиот брат кој на Инстаграм напиша: „Денеска го изгубив најдобриот пријател и сопатник од детството…својот брат Рашид. Ќе ми недостасуваш“.

Стотина членови на семејството и пријатели, како и државни големци се собраа во џамијата Забеел во Дубаи за да оддадат последна почит на синот на владетелот. Неговото тело го носеа неговите браќа.

Знамето во земјите се наоѓа на половина копје додека Арапските емирати минуваат низ тродневна жалост.

Иако официјалната верзија за неговата смрт е срцев удар, разни медиуми пишуваат дека на младиот Рашид најверојатно му пресудиле дрогата, алкохолот и стероидите. Имено, наследникот веќе некое време не се појавувал во јавноста, а за тоа време се зборувало дека се лечи од зависност. Нормално, медиумите во Емиратите не пишуваат за слични нешта, но затоа во Саудиска Арабија развија разни теории.

Особено за оргиите меѓу богаташите во ОАЕ каде дрогата се распространила во големи количини. Принцот, наводно, бил голем љубител на забавите.

- Реклама -