Велосипедистите во саботата се собраа против брзото и невнимателно возење!

Скопјанката која во петокот со кола усмрти 13- годишно дете, но и поради честите незгоди во кои најчесто жртви се пешаци, граѓанската иницијатива “На точак” во саботата се собра под мотото “Стоп за брзото и невнимателно возење кое е еднакво на обид за убиство”, “Стоп за нерамноправниот третман на пешаците и на велосипедистите и од градот, од планерите, од полицијата, од возачите, од сите”.

Собирот се одржа во близина на фонтаната во Градски парк во Скопје. Членовите на граѓанската иницијатива изразија сочувство до семејството на детето.
Од граѓанската иницијатива „НаТочак“ рекоа дека се свесни дека ништо не може да ја надомести нивната загуба, но исто така свесни се дека е потребно да се преземе нешто за ова да не се повтори.

Само во последните две години бројот на жртвите во сообраќајот е поголем за 4,5 пати во однос на жртвите од најтешките облици на криминал како што се убиствата.

- Реклама -