Почина Џеки Колинс

Писателката Џеки Колинс почина на 77 години живот, после борбата со рак на дојка.

Нејзиното семејство ја извести јавноста за смртта на авторката во Лос Анџелес.

Џеки е родена во Велика Бротанија и во текот на животот има продадено повеќе од 500 милиони книги во 40 земји низ светот. Освен тоа, таа е позната и како сестра на актерката Џоан Колинс.

Џеки пишувала уште во тинејџерските години, а нејзиниот прв роман „Светот е полн со оженети мажи“ бил објавен во 1968 година и стана една од најскандалозните изданија во тоа време.

- Реклама -