1848 година: Нијагарините водопади престанаа да течат

nijagara

Во 1848 година, Нијагарините водопади веќе беа атракција, а долж брегот веќе имаше никнато еден куп села, и долж канадскиот, и долж американскиот брег на реката. Тамошните жители имаа изградено и водени тркала, со кои ја собираа и искористуваа енергијата на водата за да ги напојуваат водениците и машинеријата во околните фабрики.

И тогаш, на 29 март пред 167 години, жителите навикнати на постојаната бучава на реката, се будат во апсолутна тишина. Коритото е празно! Луѓето се избезумени и во паника.

Во меѓувреме, коритото на реката се исушува, рибите умираат, желките почнуваат да бегаат наоколу, а луѓето – колку исплашени, толку храбри, толку и глупави и алчни – почнуваат да го пребаруваат коритото и да собираат оружје, бајонети и томахавки, за да ги искористат како сувенири (и уште подобро, да ги продадат).

Бизарниот настан ги тероризираше умовите на луѓето со тешки дози збунетост. Потребни беа одговори.

Се разбира, веднаш никнуваат теолошки објаснувања кои го надминуваат разумот. Зарем тоа не е божја одмазда за гревовите на САД? Илјадници се упатувааат кон вонредните богослуби во црквите. Се молат водите да започнат повторно да течат, а светот – да продолжи да постои како и обично. Фрчат молитви за простување на гревовите и владее стравот од Судниот ден.

article-2536278-1A82222000000578-116_964x723[1]

Телеграфот не е измислен, а пругите до најблискиот град Бафало, на 3 часа од Нијагара, не се во најдобра форма. Ќе помине време пред да стигнат вестите; Дека моќниот југозападен ветер одронил огромни парчиња од замрзнатата вода на северозападниот крај на езерото Ири, со што го блокирал протокот на вода кон реката Нијагара. Вообичаениот застој од мраз (ice jam), овој пат се покажал како брана од мраз.

Откако вестите ќе се прошират, луѓе од секаде ќе дојдат да го видат феноменот, а некои од нив и за да продефилираат по коритото, како на пример дел од американската коњаница. Колку и да е тоа глупаво и ризично, затоа што никој не знае кога водата ќе надојде, некои ќе гледаат да извлечат полза – еден од локалните, кој обично нудеше туристички тури на својот брод, ќе прати работници да отстранат неколку големи камења (со динамит) што секогаш морал да ги избегнува.

Ноќта на 31 март, локалните ќе ги разбуди силниот звук на голем бран од вода што надоаѓа. Сé погласен е и сé поблизу и набрзо реката повторно почнува да тече.

- Реклама -