Недела посветена на Супер Марио

Супер Марио е една една од главните протагонисти на видеоигрите.

Познатиот водоводџија чија што крајна цел е да ја спаси својата принцеза, носталгично не потсетува на моментите кога се запознававме со нинтендото, и имавме нерви да се враќаме од почеток  додека не ја свртиме целата игра.

Супер Марио оваа седмица наполни 30 години, откако за прв пат се појави на 13 септември, во 1985 година.

Влијателниот портал за видеоигри IGN ја прогласи Super Mario за најдобра игра на сите времиња, на честитките се приклучи и најголемиот пребарувач, кој во резултатите од пребарувањето за Super Mario Brothers скри „Easter Egg“.

 Да се потсетиме на легендарната музичка тема.

- Реклама -