Татко по деветти пат : Мел Гибсон очекува дете со 35 години помладата девојка

Семејството на Мел Гибсон се зголемува. Причината е затоа што славниот глумец наводно го очекува своето деветто дете со својата млада девојка Росалинд Рос. Иако се шпекулираше дека врската меѓу нив е само авантура, изгледа дека сепак славниот актер има сериозни намери со 24 – годишната девојка. 2B9DA19A00000578-3208733-image-m-35_1440413999092

Актерот наводно го очекува своето деветто дете. Роси пред месец оддеднаш престана да пие алкохол. Иако таа не признава дека е бремена, сепак тоа не го ни негира – изјавува нејзин пријател и додава : – Таа отсекогаш сакаше да биде млада мајка и да има три или четири деца. 666920_mel-gibson-foto-profimedia-rs_ff

Новопечениот пар се запознаа кога Росалинд се пријави во продуцентската куќа да работи како сценарист. Светските медиуми тврдат дека набрзо по запознавањето Мел ја одвел Росалинд на романтичен одмор во Костарика.

Гибсон има седум деца од претходниот брај со сопругата Робин.

- Реклама -