Шер во затвор!

Популарната пејачка на 13 години украла кола и се разбира завршила во затвор.

Не, не е баба Шер во затвор сега. Ова е слика од 1959 година, на која, сега популарната пејалка, има само 13 години, а уапсена е откако го украла автомобилот на мајка си.

Тоа не било ништо необично за ова проблематично дете кое, по разводот на своите родители, на кратко била во згрижувачки дом затоа што нејзината мајка немала пари да се грижи за неа. Откако повторно се вратила кај својата мајка, Шер почнала да оди на часови за глума, се забавувала со Ворен Бити и го напуштила училиштето на шеснаесет години поради дислексија.

Побегнала од дома како тинејџерка, се омажила и развела од Сони и станала музичка легенда, а за актерските вештини наградена е и со Оскар.

- Реклама -