19 издание на меѓународниот филмски фестивал „АстерФест“ во Струмица

Годинешното 19 то издание на меѓународниот филмски фестивал „АстерФест“ ќе се одржи од 1 до 5 ти август во Струмица.

Фестивалот што постои од 2005 година и е основан од неговиот уметнички директор Горан Тренчовски, е посветен на професионалната култура на краток и документарен филм и ја истакнуваат нејзината афирмација, популаризација и валоризација кај публиката.

АстерФест е филмски фестивал кој се фокусира на белетристика, документарни и фиктивни кратки дела на филмски автори кои доаѓаат или живеат во евроатлантскиот регион и другите светски меридијани.

Програмат на фестивалот е во категориите: AsterShorts, Merry-Diones и Tributes.

Во претходните години во конкуренција избраани беа околу 1000 филмови од 50 земји, заедно со неколку специјални програми и неколку студентски филмови.

Главните награди за филмската конкуренција на Астерфест се златна потковица, Сребрена потковица, бронзена потковица, наградата АЦО АЛЕКСОВ за најдобар авторски филм и наградата ЃОРГИ АБАЏИЕВ за најдобро сценарио.

Прочитајте и:  Македонскиот краткометражен филм „Сценариото“ на Александра Кардалевска ги освои светските филмски фестивали

Годинава, официјалното жири составено од Гоце Ристовски, Дрита М. Фазлија, Мили Чумиќ, во официјалната конкуренција ги избра филмовите на следните автори: Nebojša Slijepčević, Alexander Saul, Mat Ciscas, Owen Tooth, Rustam Meliev, Sezer Salihi, Luke Sargent, Eleonora Veninova, Benjamin Hackman, Nicolas Neuhold, Robert Obert, Anna Shilenkova, Katja Friedrich, Manuela Zlatkova, Ellie Watkins, Helen Griffiths, Margot Auclair, Axel Baudin, Nawel Bensadok, Antoine Hazard, Sarah Hecky, Lancelot Maestrini, Nils Mitrecey, Ivan Oliel, Valérian Pierret, Vibin Vijayan, Rose Thorne, Matteo Costa, Nastimir Tzatchev, Victor Cesca, Mladen Đukić, Timon Leder, Karolína Tomková, SiJia Zheng, Jiaxi Wu, Shaqir Veseli

- Реклама -