Спот кој ја вознемири јавноста- Евровизискиот пејач на шокантен начин призна дека е геј (ВИДЕО)

Норвешкиот пејач Тураџ Кешткар (28), познат како Туџи, сака да ја подигне свеста за настаните во неговиот роден Иран, и сака да укаже дека религијата носи дел од одговорноста за насилството врз ЛГБТ заедницата.
Норвешката ѕвезда, кој во 2012 година ја претставуваше својата земја на Евровизија, објави контроверзно видео кое е снимано во црква во Осло. Спотот привлече големо внимание, но доби и остри критики од бискуп во Осло, Оле Кристијан Кварм.

Станува збор за екранизација на песната „Татко“ (Father), во која е прикажан сексуален однос на маж со свештеникот. Бискупот ова видео го осуди, велејќи дека тоа е неприфатливо, и дека на тој начин се злоупотребува црквата.

Туџи изјави дека сакал да ја покаже дека љубовта меѓу двајца луѓе од ист пол одамна постои, иако тоа религијата не го дозволува. ВО својот говор, на истиот ден кога е објавен спотот, пејачот кој е роден во Иран, а кој за време на детството е преселен во Норвешка, сака со овој спот да покаже дека религијата е виновна што насилството на ЛГБТ заедницата во Иран е легитимна.

– Време е да ги ставиме човечките права пред религијата- изјави пејачот и додаде:

– Секогаш сум мислел дека е моја работа кого сакам. Но, знаејќи дека многу млади луѓе се борат со истиот проблем, бидејќи поради религијата не смеат да изразат љубов кон ист пол, сакам мојата приказна да биде пример за сите. Бидејќи јас сум хомосексуалец, и сакам да се борам за своите права, затоа и го снимив спотот за песната „Татко“.

- Реклама -