Шокира или воодушевува? Пејачката симулираше секс на сцена (ВИДЕО)

Убавата пејачка од Барбадос, Ријана (27) многу пати ја има шокирано јавноста со провокативно однесување или одредени сцени во спотовите.

Сепак, овој пат направи нешто неочекувано.

На концертото кој се одржа во Холандија, таа одлучи да симулира секс на сред сцена.

Носеше кожен костум и од публиката одбрала девојка која ќе ѝ помогне во тој акт. Иако девојката не се противела со неа да ужива во провокативните движења, Ријана се потруди во играта да биде доминантна. Ја легна девојката и нејзините раце ги ставила на своите гради, а потоа симулирала секс.

По девојката, на ред дојде и припадник на посилниот пол, на кого тоа воопшто не му падна лошо.

Судејќи по овациите, публиката добро се забавуваше гледајќи го тој перформанс, а оние кои беа одбрани да ѝ се приклучат на Ријана на сцената, сигурно никогаш нема да го заборават тоа искуство.

Погледнете како изгледаше настапот:

- Реклама -