„Ќерка ми е совршена“

Скарлет Јохансон конечно проговори за новородената ќерка Роуз.

Актерката призна дека мајчинството и се одразува прекрасно, но не е точно онакво, какво што замислувала дека ќе биде.

„Додека бев бремена имав јасна слика во својот ум како ќе изгледа моето бебе. Потоа Роуз се појави и беше сосема поинаква од она што замислував “, вели сексипилната мајка.

„Ќерка ми е совршена и ја обожавам”, дополнува Скарлет.

Освен тоа Јохансон признава дека за да влезе во форма по бременоста најмногу и помогнало доењето. Од новата фотосесија која Јохансон ја сними неодамна, се гледа дека актерката е во форма и дефинитивно изгледа супер.

- Реклама -