Принц Вилијам: Многу сме среќни за приновата, но пред нас се тешки денови

По бројните гласини кои траеа со месеци, кралското семејтво не воодушеви со веста дека принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ќе имаат уште едно дете, а прв пат по објавата принцот даде изјава за медиумите.
„Пресреќни сме за приновата, но пред нас се тешки денови бидејќи Кејт не се чувствува најдобро. Има големи мачнини и ја тресе треска“, рекол загрижено Вилијам.

Од Кесингтон палатата објавија дека војвотката од Кембриџ е повторно бремена, но и дека страда од болест наречена „Hypermesis gravidarum“. која предизвикува сериозни болести кај бремени жени.

Кејт оваа болест ја прележала и кога го носела малиот Џорџ, и поради тоа не се појавила со Вилијам на социјалниот настан во Оксфорд.

За разлика од првиот пат, Кејт сега е на домашна нега, бидејќи првиот пат беше третирана во болница.

И кладилниците во Британија имаат полни раце работа, бидејќи веќе почнаа да претпоставуваат дека новиот кралски член ќе биде момче, а дури го нагаѓаат и името кое ќе го носи.

Машкото име кое моментално „води“ е Џејмс, а по него следува Алберт, Чарлс, Томас а ако е девојче, Викторија или Александра.

- Реклама -