Корсетите ѝ пукаат на настапи: Бритни стана „буцко“

Иако неодамна на сцена ѝ пукна, видно тесен корсет, пејачката Бритни Спирс не се откажува од тесните и оскудни корсети и костими за време на своите концерти и вели дека е многу задоволна со моменталната тежина и дека нема да се изгладнува како на почетокот на кариерата.
Од кога го започна шоуто во Лас Вегас, кројачите на пејачката се под голем притисок и се принудени неколку пати да ги поправат нејзините костими затоа што Бритни постојано варира со тежината.

2014-02-18 10_58_57-Blic Online _ Korseti joj pucaju na nastupima_ Britni je postala _bucko_

– Се обиде со сите диети, вежбаше со најдобрите тренери, но не може да оддолее на брзата храна и слатките- рекол тренерот на Бритни, додавајќи дека таа секогаш слабее кога треба да се појави на црвениот тепих но за фото-едиторијалите исклучиво се потпира на Фотошоп.

Неодамна побарала за едно сликање, стомакот да ѝ се намачка со најтемната крема за самопотемнување за да изгледа дека има стомачни мускули. Инаку Бритни е висока 163 см и има околу 60 килограми.

- Реклама -