Би ги послушале ли љубовните совети од Ким Кардашиан? Еве кои се!

Една од најекспонираните познати личности во светот, секако е реалити ѕвездата Ким Кардашиан. Јавноста е многу запознаена со нејзиниот љубовен живот, но можеме ли да научиме нешто од нејзиното искуство?

Ким Кардашиан денес се појавува на секоја насловна страна, нејзиниот Инстаграм профил е еден од најпопуларните, а луѓето обожаваат да коментираат.

Нејзиниот живот е многу јавен и за тоа не се жали, а како што се наближува „Денот на вљубените“ се прашуваме дали ние можеме да „прифатиме“ некој совет од познатата старлета?

Додека ја планира својата трета венчавка со својата најголема љубов Канје Вест, се прашуваме што може Ким да не научи нас за љубовта… Еве неколку изјави на реалити ѕвездата:

1. „Не е важно дали имате состанок за „Денот на вљубените“ или не- важно е да се сакате себеси и да бидете свои.“

2. „Секогаш брзо сум се заљубувала во своите момчиња, и со секој дечко планирав свадба во мојата глава.“

3. „Морам да бидам во врска ако сакам да бидам интимна со некој. Не сум за секс за една ноќ. И покрај гласините.“

4. „Прво и основно, се венчам од љубов.“

5. „Отсекогаш сум верувала во љубов, но мојата идеја се промени откако научив неколку работи.“

6. „Нема вистински и погрешни работи кои можеш да ги направиш, кога со целото свое срце знаеш и ја слушаш својата интуиција.“

7. „Мислам дека секогаш ќе бидам безнадежно романтична.“

8. „Одлуката за развод беше многу ризична бидејќи можев да ги изгубам своите обожаватели. Но морав да го направам тоа за свој соптвен мир и за да можам да бидам среќна.“

9. „Можеби мојот среќен крај ќе биде различен од оној кој сум го планирала, но тоа е ОК.“

- Реклама -