Ријана и Еминем го објавија видео записот за „The Monster“

25-годишната пејачка го набљудува пациентот Еминем додека тој се навраќа во минатото.

Во спотот се прикажани некои од најзначајните моменти во животот на Еминем на личен и професионален план. На крајот 41-годишниот рапер се соочува со Еминем од минатото, кој е како заробено „чудовиште“.

Видеото било снимено во Детроит минатиот месец. Режисер е Рич Ли, којшто претходно соработуваше со Еминем за спотот за „Not Afraid“.

„The Monster“ е дел од новиот албум на славниот рапер, „The Marshall Mathers LP 2“, а во моментов е на врвот на Billboard’s Hot 100.

- Реклама -