Home Трачарка Hot & Sexy Шокантна исповед на манекенка: Како проститутка заработував 13.000 евра од вечер

Шокантна исповед на манекенка: Како проститутка заработував 13.000 евра од вечер

0
Шокантна исповед на манекенка: Како проститутка заработував 13.000 евра од вечер

Британката Дениз Хјуит признава дека со години била угледна ескорт дама и дека клиенти и биле бројни богаташи.

Дениз (47) призна дека во младоста се занимавала со елитна проституција и дека добивала многу скапи подароци.

Нејзината приказна започнала на класичен начин. Имала сиромашно детство кое го поминала во Њукасл и силна желба за добар изглед, па направила операција на градите со парите што ги заработила макотрпно работејќи во продавница.

– Пронајдов агент па почнав да позирам за магазини, календари…Успехот не дојде веднаш, но во своите рани 20-ти сепак бев многу позната, па заминав во Лондон. Таму имаше голем број девојки од северна Англија,а меѓу нив беше Хедер Милс. Сите се грижевме една за друга, раскажува Дениз.

Foto: Starnow.com

Другите девојки исто работеле како манекенки, но забележала дека дел од нив се полни со пари. Открила дека работат како ескорт дами и набрзо и самата влегла во тој свет. Се качила во авион за Мадрид со милијардер и трговец за оружје Аднан Кашогиј.

– Отидовме на Канарските острови каде организираше раскошни забави. Беше прекрасен кон мене и ништо не ми изгледаше лошо. Ги жалев девојките што се принудени да го продадат телото за пари, ова беше поинаку, раскажува правдајќи се Дениз.

Foto: Starnow.com

Вечери, скапи бунди, торби…Тоа станал нејзиниот свет.

– На крајот ќе ни дадеа 10.000 фунти (нешто помалку од 13.000 евра), толку заработуваше татко ми годишно/ Така му помагав на семејството. На мајка ми и купив куќа, а на татко ми стан. На баба и дедо и земав автомобил, наведува Дениз притоа додавајќи дека нејзините најблиски не знаеле со што се занимава.

Вистината, како што вели веќе не можела да ја крие од 2002, кога Хедер Милс се омажила за Пол Макартни и кога новинарите започнале да копаат по нејзиното минато.

Foto: Starnow.com

Дениз излегла од проституцијата кога се заљубила во Тони Пиџлиј и започнала со него врска, која се крунисала со ќерка, за жал следувал болен развод. па морала да се врати на стариот занает за да ги финансира судските трошоци.

Вистината, како што вели веќе не можела да ја крие од 2002, кога Хедер Милс се омажила за Пол Макартни и кога новинарите започнале да копаат по нејзиното минато.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here