Не сте знаеле дека Бијонсе работи за ФБИ?

Овие информации, и многу повеќе, можете да ги прочитате во тужбата која е поднесена од страна на едне затвореник кој бара 2.4 милиони долари оштета, пишува Mondo.

Ричартд Дупри Џуниор поднел тужба во судот во Калифорнија против пет славни личности, од кои бара 2.4 милиони долари оштета.

Дупри Џуниот, инаку е затвореник во Калифорнија, а тврди дека Бијонсе, Џеј Зи, Ријана, Крис Браун и Канје Вест украле повеќе од 3.000 негови песни, кои ги напишал зад решетки.
Во споменатата тужба пишува дека Бијонсе и Џеј Зи се всушност агенти на ФБИ, па така имале пристап до неговите досиеја од затворот меѓу кои биле и неговите текстови за „илјадници песни“.

Како соучесници тврди дека се Крис Браун, Ријана и Канје, кои подоцна ги снимиле песните и направиле милиони.

- Реклама -