Поранешниот вработен во кралското семејство: „Молчев 35 години“

Се што ќе облече Кејт Мидлтон станува вистински хит, но сепак најмногу се зборуваше за нејзината бујна коса. Нејзиниот поранешен фризер сега сака слава само за себе.

Kate Middleton (Foto: Press Association/PIXSELL)

И додека целиот моден свет зборува за сјајната, долга и негувана коса на Војвотката од Кембриџ, една личност сепак останала прилично неимпресионирана.

„Мислам дека нејзината коса е прекрасна, но понекогаш можеби е и премногу средена. Но, секогаш изгледа убаво“, вели нејзиниот поранешен фризер Денис Мек Адам.

По Кејт Мидлтон, нејзиниот поранешен фризер одлучил повеќе да не работи со кралското семејство. Денис бил кралски фризер дури 35 години, а сега одучил да се претстави на светот па се приклучил на реалното шоу на BBC „Коса“, во кое ќе се натпреваруваат најпознатите фризери кој ќе направи најдобра фризура.

Освен тоа, Денис го доби вниманието од британските медиуми откога рекол дека за време на својата кариера слушнал многу интересни приказни од своите кралски клиенти, од кои може дури и да напише книга. „Некои работи ми ги имаат кажано Вилијам и Хари, но секогаш сум бил дискретен. Затоа и добив одликување од Кралицата Елизабета Втора, бидејќи молчев 35 години“, изјавил Денис за британските медиуми, а се чини дека повторно ќе чуеме за него.

- Реклама -