Сите пишуваат за нејзината коса

Неколку месеци по раѓањето ја покажа завидливата фигура, а сега сите медиуми се зафатени со пишување за нејзината коса.
Ким Кардашиан неодамна објави фотографии на кои ја покажува својата неверојатна витка фигура набргу по раѓањето и на тој начин предизвика завист кај женските фанови. Но, светските медиуми почнаа да пишуваат за “поспораѓање проблемот“ на Ким.

Во текот на минатата недела, Ким е снимена во Лос Анџелес со косата фатена во реп, а погледите на јавноста ги привлече „дупките“ за кои американските медиуми тврдат дека сугерираат на губење на косата.

View image on Twitter

Им се чини дека познатата ѕвезда пробува да ги скрие своите екстензии (надградба) на косата, но експертот за екстензии Татјана Карелина рекла дека причината за проблемот може да биде и нејзиното брзо губење на тежината.

„Добро е познато дека во текот на подоцнежната фаза од бременоста се губи помалку коса поради хормоните, и станува потенка, но кога го добивате детето, кај повеќето жени е забележано зголемено губење на косата“, рекла Татјана.

„Брзото топење килограми и диетите само неколку месеци по породувањето, веројатно го предизвикале паѓањето на коса на Ким и јасно може да се види дека нејзината коса е потенка“, открила таа.

Исто така, се препорачува Ким да ги тргне екстензиите и продолжувањата затоа што тие можат додатно да ја оштетат косата.

- Реклама -