Ријана и Дрејк повторно заедно

Откако по трет пат раскина со Крис Браун, Ријана повторно се смири со раперот Дрејк со кој, исто така, веќе беше во врска неколку години. Како што пишуваат американските таблоиди, Дрејк и поставил ултиматум.

„Ако не сакаш да бидеш во сериозна врска со мене, јас засекогаш ќе си одам“, и рекол Дрејк.

rihanna-drake

Ријана наводно се согласила. Таа беше во врска со Дрејк во 2009 година откако Крис Браун брутално ја претепа. Две години подоцна требаше да почнат да живеат заедно, но таа му се врати на поранешниот. Откако раскинаа, Ријана и Дрејк ја снимија песната „Take Care“.

Неодамна повторно раскина со Браун, па на ред дојде Дрејк…

- Реклама -