Необична средба на две реки

На околу 10 километри од градот Манаус во северниот дел на Бразил, црната река Рио Негро, која тече низ градот, се среќава со водите со песочна боја на реката Амазон.

Необично е тоа што двете реки не се спојуваат веднаш. Тие течат паралелно, а овој феномен е познат како „средба на водите“.

1 3

Рио Негро е најголемиот прилив на Амазон и најголемата црна река во светот. Бојата се должи на гниењето на листовите, како последица на тоа што водата минува низ дождовните шуми. Водите на реката Амазон пак се кафеави, поради присуството на песок во нив.

4 5 6

Двете реки имаат различна густина на водата, брзина и температура, што е причината за формирање на интересната граница помеѓу нив. Сличен феномен се јавува на неколку локации низ амазонската џунгла, но никаде не е толку импресивно како што е овде.

„Средбата на водите“ е и една од главните туристички атракции на градот Манаус.

7 8

- Реклама -