Џена Џејмсон повторно уапсена

Поранешната порно актерка, Џена Џејмсон, е уапсена минатиот викенд пред прославата за нејзиниот 39-ти роденден во Калифорнија.

Според пишувањата на „TMZ“, во саботата околу 20 часот таа нападнала неидентификувана жртва во Newport Beatch пред самиот почеток на нејзината прослава. Жртвата успеала да остане на истото место до доаѓањето на полицијата, по што Џејмсон била приведена, обвинета за напад, а потоа и пуштена. Таа на 9-ти април ќе наполни 39 години, но роденденот го слави уште од минатиот месец.

21jennajameson-pulsarmediaeu_crop_650

Џена својата страна од приказната ја објавила и на нејзиниот Твитер профил. Открила дека станува збор за нејзината „пријателка“ и лична асистентка Бритни Маркам која ја ограбила.

„Wow, самошто ме ограби пријателката.  Ме обвини дека ја исплескав, а таа провали во мојот стан и се ми украде“.

Деталите за настанот останаа неразјаснети, како и фактот дали Џејмсон грабежот воопшто го пријавила на полицијата или само ги забавува нејзините верни следбеници на Твитер.

Ова не е прв пат ѕвездата од порно филмовите да биде уапсена. Минатата година поради возење во пијана состојба таа имаше проблеми со полицијата бидејќи ја удри колата во Северна Каролина, по што доби 4 години условна казна.

Џена Џејмсон сними повеќе од 160 филмови за возрасни а неодамна се повлече од порно индустријата бидејќи стана мајка на близнаци и се посвети на семејниот живот.

- Реклама -