Кејт Аптон чувствува притисок за матурската покана

Се чини дека и Кејт Аптон започна да ја чувствува тремата од матурската вечер.

Имено, откако таа доби јавна видео-покана да биде партнерка на еден „YouTube“ корисник, реакциите и коментарите за храброста на момчето не престануваат да растат. Станува збор за видеото во кое матурантот Џејк Дејвидсон на оригинален начин ја покани познатата манекенка да му биде партнерка за матурската вечер, а веќе има повеќе од 150 000 прегледи.

„Притисокот расте. Морам да размислам побрзо и да се обидам да направам измени во мојот распоред, но се надевам дека ќе усоеам да отидам“, изјавила Кејт за познатиот интернет портал „Mashable“.

Таа воедно во вторникот на Твитер лично му се обратила на Џејк: „Можеш да ме викаш Кејти ако сакаш! Како може да го изневерам ова видео! Ќе го проверам мојот распоред ;)“.

vbfgjhdr

Погледнете го видеото кое и создаде толку дилеми на русокосата убавица.

- Реклама -