Чарли Шин испрати порака до „полуден“ полицаец

3,w=650,c=0.bild

Холивудскиот актер Чарли Шин веројатно најдобро знае како е кога некој ќе ги изгуби нервите и контролата над самиот себе, па затоа и не не чуди што лично се ангажирал да вразуми еден полуден убиец.

Ѕездата од хит серијата „Два и пол мажи“ во саботата преку интернет испрати порака на поранешниот полицаец Кристофер Дорнер, кој веќе со денови предизвикува страв и паника меѓу жителите на Лос Анџелес.

Имено, 33-годишниот Дорнер, кој досега има убиено тројца луѓе, се закани дека ќе ја продолжи својата крвава низа во знак на одмазда заради отказот кој го добил пред пет години. Во една од неговите онлајн пораки поранешниот полицаец го спомнал и Чарли Шин, во која напишал пофални зборови за неговата реакција по исфрлувањето од шоуто.

„Прозиваниот“ актер пак, го повикал Дорнер да поразговараат и да побараат заедно решение за настанатата ситуација.

„Побарај ме. Однапред се радувам на разговорот со тебе“, му порачал Шин на убиецот, кој како што тврди полицијата, е „вооружен и опасен“.

- Реклама -