Пинковата ѕвезда ја откри тактиката за „Фарма“: Не би си дозволила да се заљубам во реалити шоуто

Пејачката која со гласот и изгледот воодушеви во првата сезона на „Пинкови ѕвезди“, веќе ја нарекувааат една од најатрактивните учеснички на „Фарма“.
Габриела Пејчев открива за српскиот „Blic“ каков вид на тактика има подготвено за реалното шоу.

Габриела има бугарско потекло, родена е во Димитровград, а веќе неколку месеци со сестра и живее во Белград. Вели дека е возбудена пред влегувањето на имотот, но и дека не се плаши од тоа што ја чека таму, бидејќи има пораснато во мала средина, опкружена со животни.

– Нема да имам проблем да измолзам крава, да ја копам бавчата, да го рибам подот, ниту да готвам ручек. Можеби не сум некој експерт, но ќе се обидам од постарите колеги кои се подолго време во кујната да научам некои трикови- вели Габриела.

Но, таа е и сигурна дека нема да се заљуби во некој во учесниците на овогодинешното издание на „Фарма“.

- Реклама -